Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ во четвртфиналниот дуел на Мастерсот во Мајами го совлада Шпанецот Давид Ферер со 2:0 по сетови (7:5 и 7:5).
Со овој триумф, бранителот на трофејот се избори а пласман во полуфиналето каде го очекува меч со Џон Иснер.
Второто полуфинале на овој турнир го сочинуваат Томаш Бердих и Енди Мареј.