Вашингтон и Орегон легализираа употреба на марихуана

Граѓаните на американската сојузна држава Орегон и дистриктот Вашингтон гласаа за легална употреба на марихуаната.

Орегон и дистриктот Вашингтон застанаа на страната на лоби групите за легализација на марихуана две години подоцна откако беше легализирана употребата на канабис во Колорадо и во сојузната држава Вашингтон.

Референдум за тоа прашање беше одржано во Флорида каде граѓаните поддржаа употреба на марихуана за медицински цели.