ЕУ: Нова влада и избори во Украина

Европската унија, со остри критики за претседателот Виктор Јанукович, побарала во Украина да се формира нова влада и да започнат уставните реформи за „фер претседателски избори“.

Во заедничкото соопштение по состанокот на министрите за надворешни работи на 28-те земји членки на ЕУ во Брисел, се наведува дека Унијата е „вознемирена поради кршење на човековите права, насилствата, случаи на исчезнати лица, мачење и застрашување“, до кои дојде поради обидите на власта да ги задушат протестите во земјата.

Министрите на состанокот повторија декла ЕУе подготвена финансиски да и’  помогне на Украина.