Мал пад на Македонија на ФИФА ранкингот

Напорниот јунски циклус во Лигата на нации го завршивме со две победи, едно реми и еден пораз, а тоа направи Македонија да забележи мал пад на ФИФА листата.

Четирите средби  ги заокруживме со две победи над Гибралтар, реми со Бугарија и пораз од Грузија, па токму последниот резултат најверојатно не чини и пад на светското рангирање.

„Рисовите“ назадуваа две позиции и паднаа од 62-то на 64-то место, а според калкулациите на ФИФА, загубени со речиси шест ранкинг поени.

Сега следи период на пауза ова лето, а квалификациите во Лигата на нации ги продолжуваме во месец септември, кога ќе добиеме нова шанса за подобрување на ФИФА ранкингот.