Пешак тешко повреден во сообраќајка во Струмица

Пешак е потешко повреден во сообраќајка што се случила вчера на улицата „Климент Охридски“ во Струмица.

Според полицијата, патничко возило „мерцедес“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од 45-годшниот В.Д. од село Седларци, Струмичко, удрило во пешакот С.С.на 58 години од Струмица.

Повредениот бил пренесен во струмичката болница каде му биле констатирани тешки телесни повреди.