РУСКИ ПЕДИЈАТАР ОТКРИВА: Ова може да биде причината зошто вашето дете не прозборело навреме

Олег Комаровски тврди дека ова не е научно истражување, туку негов заклучок каде смета дека децата само поради ова не прозборуваат до својата трета година.

Се повеќе родители се жалат дека детето не им прозборело, иако наполнило три или дури четири години. Развојот ан говорот е индивидуален и постојат големи отстапувања помеѓу децата, но со оглед дека денес се повеќе се зборува за аутизам и аутистичниот спектар, така се повеќе родители во однесувањето на детето пронаоѓаат симптоми кои би можеле, но и не мора да ја докажат таа дијагноза.

Но, секогаш имало и се уште има деца кои едноставно се мрзливи за говор и без никакви дополнителни вежни ќе прозборат кога ќе им се зборува.

Дури и педијатрите се склони кон предлогот кој гласи: почекајте, стрпете се, не поставувајте погрешна дијагноза и правете опсежни прегледи.

Детскиот невролог, д-р Олег Комаровски од Русијаво петгодишно истражување наишол на многу случаи на деца кои до својата трета година се уште не прозбореле. Зошто е тоа така, научно не е докажано, но Комаровски има свое мислење на основа на искуството, но потенцира “да неговото мислење не го претворате во наука, туку тоа се само негови забелешки“.

“Децата на возраст од три години кои биле кај мене на прегледи, навистина имаат слични симптоми на деца кои имаат класичен аутизам – но ја немаат таа ЕКРАНОМАНИЈА. Имено, сите тие деца од својата најрана возраст се залепени за екраните, и сега тоа да не биде модерна флоскула, тоа се факти на кои им се пристапувало студиозно. Сите деца кои дошле кај мене, веќе околу првата година од животот во раце добиле таблети, паметни телефони, лаптопи, оти за жал тоа денес е нормално во растењето. Тие деца по две години покажале разорни последици – нивната мимика на лицето е закочена, погледот им е насочен право, а секој обид да им се земе уредот од раце, завршува со негодување и агресија. Говор нема, ниту пак постои обид. Децата по правило, откако ќе им се земе уредот, продолжуваат да гледаат право без покажување на било каква љубопитност за светот околу себе или за комуникација со други“, појаснува д-р Комаровски.

Тој не исклучува дека кај некои од тие деца не се развива некоја форма на аутизам или аутистичен спектар, но знаејќи колку е лесно да помешаат причината и последицата, се потрудил да навлезе подлабоко во проблемот за да може да ја докаже причинско-последичната врска од долготрајното користење уреди во најраната возраст на детето, како една од формите (за жал) на стеротипно однесување.