Жител од Колешино агресивно се однесувал кон полицајци во Радовиш, ќе добие пријава

371

На 08.02.2023 во 20.55 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го привеле Б.В.(61) од село Колешино, општина Ново Село, затоа што на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.