Дали пилешката супа навистина помага при настинка?!

Истражувачите од Универзитетот Небраска ги интересирало дали домашната супа навистина може да помогне во борбата против настинка.

Доктор Стивен Ренард го испитувал движењето на неутрофилите, највообичаените бели клетки во крвта кои го бранат телото од инфекции, за да открие дали ќе се блокираат или намалат заради пилешката супа. Се смета дека со намалувањето на подвижноста на неутрофилите може да се намали активноста во горниот респираторен систем, кој ги предизвикува симптомите на настинка.

Резултатите го покажале токму тоа, откривајќи дека пилешката супа може да има антиинфламаторни компоненти кои можат да ги олеснат симптомите на настинка.

Друго истражување кое било спроведено уште пред 40 години покажало дека зачините кои се ставаат во супата и нејзината топлина, ги чистат синусите и ги отвораат дишните патишта.

Доктор Гејл рекол дека за време на настинка, меѓу останатото и заради течењето на носот, дехидрираме, па ни е потребно дополнителен внес на течности при што супата може да ни биде од голема помош. Супата, особено домашната, е полна со хранливи материи, па и затоа е добра.