Верверичка осомничена за вандализам (видео)

верверичкаПолицијата во Округот Оклахома бараат криминалец осомничен за вандализирање на неколку полициски возила во последните неколку недели. Осомничениот е висок помеѓу 12 и 17 сантиметри, има кафеави очи и кафеаво-сива коса.

Од канцеларијата на шерифот во Округот Оклахома велат дека осомничената верверичка се симнува од дрвото и ги вандализира полициските возила во паркингот. Таа влегувала кај моторот и ги гризела жиците од електричниот систем на возилот и досега има направено штета од над 700 долари. Полицијата сега соработува со службите за контрола на диви животни за да ја релоцираат верверичката пред таа да направи уште повеќе штета.

{youtube}ICxX6_u6b-U{/youtube}

- Реклама -