Време е да ја збогатиме категоријата „Фејсбук статуси“ со уште некој интересен статус кој успеавме да го забележиме во изминатите 7 дена.
Воедно, да ве потсетиме дека и вие можете да партиципирате со некој статус кој ви оставил впечаток, ве насмеал или замислил. Единствено што треба да направите е да го оставиете тука, а ние со задоволство ќе го објавиме.
Вадам слушалки, влегувам на факултет, дипломирам, идам у завод се вработувам, се мажам, деца раѓам, се разведувам – отплеткувам слушалките.
Ако секој ден е подарок, може негде да го вратам понеделник или да го сменам за сабота?
Еден мој близок другар ми рече дека престанал да пие. Ќе ми недостига.
Докторот: „Шо знам… а да ти дадам да пиеш некои антибиотици?“
Татко ми: „Не, не…не смеам.“
Докторот: „Зошто?“
Татко ми: „Ракија пијам.“
- Ме сакаш ли?
– Да бе, немам друга работа.
Едвај чекам да залади, па да облечам чизми, ѕиври, фармерки, три дуксери, дебела јакна, капа, шал и ракавици и да се тркалам по улица.
По улица видов една пудра што ставила малку девојка позади неа.
Кафе без кофеин, пиво без алкохол и луѓе без човечност.
Годините биле само бројка. А за парите не го викате тоа, а?
Опиши се со три збора: Шо ќе јадеме?
Не си ти крив, крива е мајка ти шо не ја болело глава!
Колку имам за спиење денес, не знам дали ќе постигнам.
Купив уште два пара чизми….да ми провали некој дома ќе мисли овде живее стоногалка.
До сите мажи и жени што ќе гласаат ЗА законот за абортус: Швалерките деца да ви изродат!
Македонија прва ја донесе Еболата во регионот!!! Скапете комшии!!!
Теорија на родителизам: Кога мислиш дека си добар родител бидејќи не го вакцинираш детето.
Влага контролор у автобус, си вади карта, ја откуцуе и си ја проверува. Која самоконтрола човече. Браво!
Уште 2 месеци до препевите на Мараја Кери од новогодишни песни.
Секогаш кога ќе видам бивша со дете, проверувам дали личи на мене.
Единствено полошо од луѓе што се буткаат преку ред се погледите на луѓето што ми ги праќаат кога се бутам преку ред.
Тенка е линијата помеѓу упорен и напорен.
Ако некој ти нуди да се прснеш со неговиот дезодоранс тука нешто смрди.
Мамо нели не сум дебела?
– Не си, ајде спој ги твојот кревет и на брат ти и легни си.
На Фејсбук ќе се сопнете трчајќи да се пофалите со пудингот, а да ви дојдам дома кикирики ќе ми извадите.
Ист сум на сите јазици во светот.
Тоа што го нарекуваш емоција не би го допрел ни со стап.
Се договарам со животов да биде убав.
- Што носите во куферот?
– Имам зборови, книги и аномалија во пренесување емоции.
Ако ми се слоши, викнете ми пајак. Стигнува 100 пати побрзо од Брза помош. Проверено!
Од еротика најмногу сакам долго и бавно миење на заби.
Светот ти е мал и досаден колку што ти се големи предрасудите.
Не е проблем да сонуваш да имаш семејство.
Проблем е некој да ти кажува што е твојот сон.
А, една епидемија на љубов да покосеше?
Да се договориме нешто пред спиење. Празно место нема пред интерпункциски знак, туку по него. Очи ме здоболеа од неписменост. А и душа.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!